Barcelona in Octomber

  • 5 Days
  • Maximum Capacity: 20
  • Adult

  • Child

From 579,00  Per Adult
From 559,00  Per Child

Description

Duration

5 Days

Group Size

20

Language

Macedonian

Popular Features

  • Plane

Included

  • Авионски превоз на релација Скопје - Барселона - Скопје
  • Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром
  • Сместување во хотел во Барселона, на база 4 ноќевања со појадок
  • Рачен багаж (1 торба до 10 кг. со димензии 40х30х20см)
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Excluded

  • Разглед на Барселона со водич и превоз (30€)
  • Побле Еспањол (25€)
  • Парк Гуел со вклучена влезница(40€)

Travel Itinerary

24 Октроври 15:00 - Програма

Термин  20-24 Октомври 2026

20.10.2026  СКОПЈЕ – БАРСЕЛОНА

Состанок на групата на еародромот во Скопје во 15.00 часот. Полетување за Барселона во 18.00ч. и пристигнување во 20.50 часот. Организиран трансфер до хотел. Сместување. Ноќевање.

21.10.2026  БАРСЕЛОНА ПАНОРАМИКА + Poble Espanyol (Шпанско село) 

Појадок.. Препорачуваме организиран панорамски разглед на градот: Ремек делата на Антони Гауди се неизбежни во обиколка на Барселона, на најелегантната авенија Passeig de Gracia ќе ги видите неговите куќи како од бајка, Casa Batllo и Casa Mila. Неговото најголемо ремек дело e црквата Sagrada Familia (индивидуални влезници). Нема да ве остават рамнодушни ни плоштадите Каталуња и Еспања, Магичните фонтани, Националната палата, арените за корида… Слободно време за ручек и индивидуални прошетки. Можност да се искачите на брдото Монжуик со фуникулар и да уживате во прекрасната панорама на градот или да прошетате по по најшарената улица на светот Ла Рамбла, улица која ќе посакате да нема крај...   Барселона нуди вистинска можност за истражување и уживање во нејзините убавини, музеи, шпанската кујна, шопинг...

По разгледот,

Препорачуваме посета на Шпанското село, една од големите атракции  во Барселона изградени за Светската изложба во 1929 год. Иако било планирано селото да се сруши по завршување на изложбата, заради неочекувано големиот интерес тоа не е сторено.

Денес Poble Espanyol е своевиден музеј на архитектурата и културата на Шпанија, со 117 градби, плоштади, улици, продавници... типични за 15 различни области во Шпанија. Во составот на селото се наоѓа и театар, музеј на современа уметност, уметнички работилници и ресторани со специјалитети кои потекнуваат од различни региони на Шпанија.  Ноќевање.

22.10.2026 БАРСЕЛОНА  -  ПАРК ГУЕЛ

Појадок.. Препорачуваме посета на импресивниот парк Гуел, во кој генијалниот Гауди ја реализирал идејата за единството на природата и уметноста.... Парк Гуел е еден од најпознатите симболи на Барселона кој привлекува со својата шарена керамика и луда архитектура. Сместен во Ла Салут, на падините на планините Колсерола, претставува единствена мешавина од природата и урбанизмот.

Еузеби Гуел е богат каталонски индустријалец, кој во историјата ќе биде познат како човек кој ја финансирал оваа голема идеа на Гауди, дело на кое и денес се восхитуваме.  Слободно време за индивидуални активности и прошетки низ центарот на Барселона, Ноќевање. 

23.10.2026 БАРСЕЛОНА

Појадок. Слободен ден за индивидуално истражување на Олимписката убавица. Ноќевање

24.10.2026

Слободно претпладне за индивидуални активности. Состанок на групата во договорено време. Организиран трансфер до аеродромот. Полетување во 21.40 часот и пристигнување во 00.25 часот.

Maps

Tour Terms & Conditions

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 20 патници.
  • Организаторот на патувањето не гарантира тип на лежај.( Двокреветна соба може да биде со брачен лежај или со два единечни лежаи, Трокреветна соба може да биде со три класични лежаи, брачен лежај и единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и дополнителен лежај ( ранч кревет или софа),   четворокреветна соба може да биде со четири класични лежаи, брачен лежај и 2 единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и 2 дополнителнителни лежаи ( ранч кревет или софа).
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Задолжителна уплата при резервација 30% од вредноста на аранжманот, инос кој е неповратен во случај на отказ на патникот.
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и место на поаѓање.

From 579,00 €

Book This Tour

Person Info

Adults
-
+
Children
-
+
Loader
Thank You

Booked Successfully

  • Details
Booking Summary

Barcelona in Octomber

0 Adults
0 Children

Have a question in mind

Looking for more info? Send a question to the tour agent to find out more.

From 579,00 €

Book This Tour

Person Info

Adults
-
+
Children
-
+
Loader
Thank You

Booked Successfully

  • Details
Booking Summary

Barcelona in Octomber

0 Adults
0 Children

Your Question